Назад

ВО СКОПЈЕ ОДБЕЛЕЖАНА 55 ГОДИШНИНАТА ОД ПРВИОТ ЛЕТ НА ЧОВЕКОТ ВО ВСЕЛЕНАТА

На 14 април Амбасадата на Русија во Македонија заедно со Македонија Добродојде Центар одржа свечен настан по повод Меѓународниот ден на космонаутика. Абасадорот на Русија во Македонија Олег Шчербак раскажа за улогата на првиот човек кој полетал во вселената, Јуриј Гагарин, како и ги наведе основните историјски етапи на освојувањето на вселената и на меѓународната соработка во таа сфера. Во рамките на настанот беше отворена изложба “Наш Гагарин” подготвена од Амбасадата во соработка со руската Обедината ракетно-космичка агенција и Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Освен тоа гостите уживаа во специјален краток филм посветен на историјата на руската космонаутика и во тематски космички торти. По завршувањето на настанот гостите положија цвеќе кон споменикот на Јуриј Гагарин во општина Карпош. По церемонијата на полагање на свежо цвеќе присутните пуштија во небо 55 балони обоени во небесна плава боја.

На настанот беа присутни делегација на МНР на Македонија, пратеници од македонското Собрание, градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, ректор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје проф. д-р. Велимир Стојковски, претставници од руските комании, од научни, културни, образовни, деловни и од општествени кругови, дипломати од акредитирани во Скопје странски амбасади и почесни конзулати.