Назад

ВО СКОПЈЕ ГО ПРОСЛАВИЈА ДЕНОТ НА РУСКИ ЈАЗИК

По повод Денот на руски јазик на 6 јуни 2016 година во парк „Пушкин“ во општината Кисела Вода (Скопје) се одржа свечен настан организиран од општината во соработка со Амбасадата на Русија во Македонија и организации на руски сонародници. Настанот започна со полагање свежо цвеќе кон споменикот на Александар Пушкин, потоа сите гости на свеченоста имаа можност да уживаат во концертот во чии рамки културно-уметничките колективи на руската дијаспора „Чајка“ и „Славјанка“ настапија со руски народни песни, студенти од катедрата за славистика на филолошкиот факултет на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" од Скопје изрецетираа стихови на руски пети од 19 век, а млади македонски музичари им претставија на гостите руска класична музика.