Назад
ВО ПРИЛЕП СЕ ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА СЕЌАВАЊЕТО НА РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ ЗАГИНАТИ ЗА ВРЕМЕ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА


На 1 август во Прилеп на Германските воено гробишта се одржа комеморативна церемонија по повод Денот на сеќавањето на руските војници загинати за време на Првата светска војна. Учесници на церемонијата организирана од страна на Амбасадата на Русија во Македонија и здружението на руското-македонско пријателство во Прилеп, положија венци кон споменикот на руските војници кој се наоѓа на територијата на гробиштата, исто така се служеше панихида. Покрај делегациите на Амбасадата и здружението на руското-македонско пријателство во настанот зедоа учество претставници на општината и градскиот совет на Прилеп, на локални деловни и општествени кругови, на руските компании коишто работат во Македонија, а исто така руските сонародници.



