ВО ОХРИД ОТВОРЕН ПОЧЕСЕН КОНЗУЛАТ НА РУСИЈА

На 25 мај во Охрид во "Конгресен центар" Амбасадорот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак, и заменикот-министер за надворешни работи на Македонија, г-ѓа Драгана Кипријановска, отворија нов почесен конзулат на Русија. Во својот поздравен говор рускиот Амбасадор истакна дека “Охрид не е само туристички центар кој динамично се унапредува, туку и регион кој е перспективен за развој на трговско-економска, инвестициска, научна и хуманитарна соработка. Секако Охрид е непроцнлива духовна ризница на Македонија која ги негува сеќавањата за големите христијански подвижници”.
Амбасадорот на новиот почесен конзул на Русија, Ректор на Универзитетот “Св. Кирилл и Методиј” во Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски, му врачи егзекватура - документ кој на почесeн конзул му овозможува да почне да ги извршува своите обврски - и му се заблагодари за “согласност да ја превземе обврската која не е едноставна, но е интересна и многу одговорна односно да се биде почесен конзул на Русија во Охрид” и изрази увереност дека “господин Стојковски со неговата енергија и творечки пристап и натаму ќе прави се за доброто на зацврстување и унапревудање на односите на пријателството и соработката меѓу нашите две земји и народи”. Во своето обраќање кон присутните Велимир Стојковски вели: “Среќен сум дека најголемата земја во светот ми ја дадe оваа можност, која истовремено налага голема одговорност”. Заменикoт-министер за надворешни работи изрази надеж дека “почесниот конзулат во рамките на своја плодотворна дејност ќе даде поттик за унапредување на трговска-економската соработка”.
По официјалното отворање работните простории на почесниот конзул ги освети Митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј во чија епархија се наоѓаат повеќе населени места од конзуларното подрачје кое го покрива новиот руски почесен конзул.
Меѓу многубројни гости на свечената церемонија беа присутни заменик на градоначалникот на Охрид, претседателката на охридскиот општинскиот совет, Поглавар на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски Стефан, претставници на дипломатскиот кор, културни и деловни кругови, почесни конзули на други земји и руски сонародници. Специјален гостин беше Ректор на Духовната академија од Санкт-Петербург, Архиепископ Петергофски Амвросиј кој ја посети Македонија по покана на Велимир Стојковски и заради потпишување на спогодбата за соработка меѓу Духовната академија и УКиМ.


