Назад

ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОДРЖАА СВЕЧЕНОСТИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

На Денот на Победата над фашизмот, 9 мај, Амбасадата на Русија во Македонија одржа традиционална церемонија на полагање цвеќе кон споменикот на борците од 12-та Ударна бригада, кои загинаа бранејќи ја браната “Матка” (меѓу нив беше и еден советски државјанин). Во церемонијата зедоа учество делегации на Собранието и на Армијата на Република Македонија, на Сојузот на борци од НОАВМ, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и на еврејската заедница, претставници од локални власти, универзитети, руски компании, кои работат во Македонија, и акредитирани во Скопје странски воени аташеа.

На 9 мај делегација од Амбасадата исто така учествуваше во церемонија на полагање цвеќе кон споменикот на борци-антифашисти во Прилеп организирана од Градоначалникот на општината, а на вечер отвори Ревија на руски воени филмови во Прилеп.

Амбасадорот на Русија Н.Е. Олег Шчербак исто така беше гостин на свечен собир на Сојузот на борците од НОАВМ.