Назад
ВО КИНОТЕКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СЕ ОДРЖА ОТВОРАЊЕ НА ДЕНОВИ НА РУСКИ ФИЛМ, СКОПЈЕ, 28 СЕПТЕМВРИ 2019 ГОДИНА
На 28 септември во Кинотеката на Северна Македонија се одржа свеченото отворање на Деновите на рускиот филм. Во текот на неделата македонската публика има можност да се запознае со класика на рускиот филм, златниот фонд на најстарото филмско студио “Ленфилм”. Гостин на фестивалот е Почесниот кинематографер на Руската Федерација Александар Поздњаков. По отворањето на гледачите им беше прикажан филмот «Човек Амфибиjа» на режисерот Владимир Чеботарев и Генадиј Казански, снимен во 1961 година според истоимениот научно-фантастички роман на Александар Белjаев.