Назад

ВО АМБАСАДАТА ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНА КНИГА НА ЖАЛОСТ ПО ПОВОД АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА КОЈА СЕ СЛУЧИ ВО КРАСНОДАРСКИОТ РЕГИОН

Поради големата авионска несреќа која се случи на 25 декември 2016 година во Краснодарскиот регион и однесе 92 човечки животи, во Руската Федерација е прогласен Ден на жалост. Во знак на почит кон загинатите и сочувство со нивните семејства и најблиски, Книгата на жалост ќе биде отворена во Амбасадата на 26 и 27 декември 2016 година од 10.00 до 13.00 и од 15.00 до 17.00 часот.