Назад
РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА, 17 ФЕВРУАРИ 2021 ГОДИНА
На 17 февруари Амбасадорот Сергеј Баздникин престојуваше во работна посета на Општина Битола, каде оствари средба со градоначалничката м-р Наташа Петровска.
Рускиот амбасадор ја потенцираше досeгашната успешна соработка на општината и амбасадата, како и на двете земји во повеќе области. Тој изрази голема благодарност за соработката со општината при реализацијата на значајни датуми од руската историја кои се одбележуваат во градот.
На средбата се разговараше за потенцијалите и можностите за продлабочување на културната и економска соработка на двата збратимени градови од Руската федерација, Пушкин -Санкт Петербург и Нижни Новгород со Битола.