ПРИЕМ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА БРАНИТЕЛОТ НА ТАТКОВИНАТА

На 24 февруари 2015 година Амбасадата на Русија во Македонија приреди традиционален прием по повод Денот на бранителот на Татковината. Во свечената прослава зедоа учество високи претставници на Министерствата за одбрана и за надворешни работи на Република Македонија, на Генералштабот на АРМ, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на здруженијата на борците од НОБ на Македонија Тодор Атанасовски, борци, акредитирани во Скопје странски амбасадори и воени аташеа, политички и општествени дејци, бизнисмени, новинари, руски сонародници.
Во рамките на приемот, со кој почна цела низа на свечености посветени на 70-годишнината по повод Големата Победа, беа поставени и две изложби, " Воени команданти " и " Спомениците на Победата ", а исто така прикажен филм за херојскиот пат на советскиот народ кон победата над фашизмот.
За повеќе слики следи го линкот