Назад

НА ДЕНОТ НА РУСКИ ЈАЗИК ВО СКОПЈЕ "СЕ ПРОШЕТАА" НИЗ РУСКАТА ЛИТЕРАТУРА

На 7 јуни во Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” по повод Денот на руски јазик се одржа предавање на раководителот на Рускиот центар при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје (УКиМ), г-дин Емил Нијами, “Прошетка низ руската литература”. За време на предавањето студенти од катедрата на филолошкиот факултет на УКиМ изрецетираа стихови на Александар Пушкин. По завршувањето на настанот претставници од Амбасадата на Библиотеката ѝ донираа учебни книги по руски јазик подарени од филолошкиот факултет на Државниот универзитет во Воронеж (Русија).