ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПРВИОТ ЛЕТ НА ЧОВЕКОТ ВО ВСЕЛЕНАТА ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА "КОСМИЧКА" ЖУРКА

На 12 април во Скопје во Скај Барот на Хотел Русија во организација на хотелот, Астрономското Друштво од Скопје и Амбасадата на Русија, се одржа неформален настан по повод 55-годишнината од првиот лет на човекот во вселената. Тематската журка Jury's Night in Skopje 2016 беше организирана во македонската престолнина за уште еднаш да им овозможиме на наши македонски пријатели да уживаат во такви неформални свечености кои се одржуваат низ целиот и се посветени на првиот лет на човекот во вселената. Многубројни гости присутни на настанот имаа можност поблиску да се запознаат со ноќното небо на пролетното Скопје со помош на телескопите обезбедени од Астрономското друштво, да се сликаат со картонска кукла на Јуриј Гагарин и да уживаат во специјалната торта изведена во “космички” стил.


