ОБРАЌАЊЕ НА АМБАСАДОРОТ СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН ПО ПОВОД ДЕНОТ НА СЕЌАВАЊЕТО ЗА СИТЕ ЗАГИНАТИ РУСКИ ВОЈНИЦИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА, 1 АВГУСТ 2019 ГОДИНА
Почитуван господине Илија Јованоски (градоначалник на Прилеп),
Почитувани дами и господа,
Драги пријатели,
Срдечно ве поздравувам сите што дојдовте денес на веќе традиционалната (петта по ред) церемонија на положување цвеќе кон споменикот на руските војници загинати за време на Првата светска војна.
Пред 105 години започна крвава војна, која ги одзема животите на осум милиони руски војници, од кои пет илјади загинаа во битките на македонската земја. Во периодот од 1916 до 1918 година на територијата на современата Северна Македонија, во борбите на Солунскиот фронт во состав на Источната армија на Антанта учествувале 2-та и 4-та специјална бригада на руската империјална армија, чиишто војниците покажале бројни примери на храброста и хероизмот.
1 август во Русија е Денот на сеќавањето на руските војници, кои загинаа во 1914-1918 година. Споменици посветени на рускиот експедициски корпус се отворени не само во Русија, туку и во други земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Секоја година кај нив се одржуваат комеморации.
Се потсетуваме на историјата на Првата светска војна воопшто не за да ги идентификуваме нејзините виновници, туку уште еднаш да потенцираме дека Русија не сакала војна и се обидела да ги задржи другите држави од фаталниот чекор. Никој не ја слушна, и нашата земја мораше да го исполни својот сојузнички долг.
Современата Русија ја продолжува оваа линија – повеќе од седум децении нејзините напори се насочени кон спречување на повторување на историските грешки. Нашата земја е отворена за проширување на заемно полезна соработка со сите земји кои се подготвени за заедничка работа околу изнаоѓање одговори на големите современи предизвици и закани, за фер и рамноправно партнерство – врз основа на општопризнаените норми на меѓународното право, на почитување и на водење сметка за заемните интереси. Врз овие принципи повеќе од четвртина век ја градиме соработката со Република Северна Македонија, со која што во јануари годинава ја одбележавме 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.
Првата светска војна беше најтешката катастрофа за нашите земји, затоа нашиот заемен интерес е да продолжиме активна соработка за зачувување на сеќавањето на нејзините тажните лекции и на загинатите овде војници, како со македонските партнери, така и со дипломатските претставништва на другите земји.
Светла им памет на хероите од Првата светска војна!
Ви благодарам за вниманието.
