ОБРАЌАЊЕ НА АМБАСАДОРОТ СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН НА ОФИЦИЈАЛНОТО ОТВОРАЊЕ НА 31-ВА ПО РЕД БЕНЗИНСКА СТАНИЦА НА „ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА“, НАСЕЛБА ЧЕНТО, 11 ЈУЛИ 2019 ГОДИНА
Ваша Екселенцијо господине Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Северна Македонија,
Почитуван господине Андреј Михајлович Куку, регионален управител, ЛУКОИЛ Македонија,
Почитуван министре Борис Георгиевски,
Почитувани градоначалници,
Почитувани дами и господа,
Драги пријатели,
Искрено се радувам да бидам присутен денес на ова отворање на уште една, триесет и првата бензинска пумпа на ЛУКОИЛ.
По речиси една и пол деценија работа на македонскиот пазар, компанијата ЛУКОИЛ Македонија постигна забележителни резултати. Како еден од водечките економски оператори во Северна Македонија, компанијата дава значаен придонес за економскиот напредок и социјалната стабилност, а преку даноците – и за формирање на државниот буџет.
Работата на ЛУКОИЛ Македонија е спектакуларен пример за успешна реализација на инвестициски проект, што, се разбира, позитивно влијае врз формирањето на објективниот имиџ на Русија, која е заинтересирана за унапредување на заемно полезна соработка меѓу нашите два братски народи. Ја забележуваме подготвеноста за тоа од страна на вашата влада, почитуван господине Премиер. Отворени сме за продлабочување на нашата соработка, за проширување на истата врз нови сфери во тој степен, во кој тоа им одговара на нашите заеднички интереси.
Благодарение на високите стандарди на квалитетот и континуираното подобрување на системот за грижа на клиентите, ЛУКОИЛ уверено се движи по патот на проширувањето на мрежата на модерни, удобни бензински пумпи. Оваа мрежа речиси целосно ја опфаќа територијата на Северна Македонија, што им овозможува на возачите во комфорни услови да надополнуваат резерви на гориво, да се одмораат и купуваат неопходни производи. Денешниот настан одново потврдува дека компанијата има цврста намера уште повеќе да ја зголеми популарноста на брендот ЛУКОИЛ кај македонските, но и странските патници преку сѐ подостапни бензиски станици за максималниот број корисници.
ЛУКОИЛ Македонија е важен сегмент на меѓународниот бизнис на руската групација ЛУКОИЛ, која со полно право се смета за еден од лидерите на светскиот пазар на нафтата и нафтените деривати. Денес, ЛУКОИЛ е најголемата вертикално интегрирана нафтена и гасна компанија, која обезбедува повеќе од 2 отсто од светското производство на нафтата и околу
1 отсто од докажаните резерви на јаглехидратите. Секој ден, милиони луѓе во над 100 земји на четири континенти купуваат продукти на компанијата, енергијата и топлината создадени со нејзината работа. Вработените во ЛУКОИЛ, чиј број надминува 100 илјади луѓе, секојдневно неуморно работат, обезбедувајќи ефективен развој на компанијата, воведувајќи нови технологии и овозможувајќи одржување на водечките позиции на глобалниот пазар.
Како Амбасадор на Руската Федерација мене особено ми е драго дека денес глобалниот синџир на ЛУКОИЛ, кој обединува повеќе од пет илјади бензински пумпи, се зголеми за уште една алка.
Користејќи ја оваа прилика, ви посакувам на ЛУКОИЛ Македонија и на неговиот сложен тим, предводен од Андреј Михајлович Куку, нови успеси и просперитет.
Ви благодарам за вниманието!