Назад

ОБРАЌАЊЕ НА АМБАСАДОРОТ СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН НА ДРЖАВНИОТ ПРИЕМ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РУСИЈА, СКОПЈЕ, 12 ЈУНИ 2019 ГОДИНА

Почитуван господине Претседател на Собранието,

Ваше Блаженство,

Почитувани дами и господа,

Почитувани колеги,

Драги пријатели,            

Ви посакувам срдечно добредојде на приемот по повод државниот празник на нашата земја, Денот на Русија. Овој празник е симбол на единство и на заедничка одговорност на сите руски граѓани за сегашноста и иднината на нашата прекрасна Татковина. Горди сме на нашата земја, ја чувствуваме непрекинатата врска со богатата историја, со духовните вредности и моралните традиции кои му се својствени на нашиот народ, последователно ги браниме нашите национални интереси.

Русија денес не е само најголемата држава во светот. Нашата земја е еден од најаважните фактори во меѓународните односи, од кој што во голем степен зависи натамошен развој на целата светска заедница.

Свесни за оваа одговорност за судбината на нашата планета, се стремиме и настојуваме да ја промовираме и понатаму агендата која е насочена кон идинината, да играме активна и конструктивна улога за зацврстување на мирот, на глобалната и регионалната безбедност и стабилност.

Заинтересирани сме за обединување на напорите за изнаоѓање поодржлив и поправеден развоен модел во интерес на благосостојба и просперитет на човештвото – врз основа на суверенитетот и безусловното право на секоја држава да избира свој сопствен пат.

Отворени сме за проширување на заемно полезна соработка со сите земји кои се подготвени за заедничка работа околу изнаоѓање одговори на големите современи предизвици и закани, за фер и рамноправно партнерство – врз основа на општопризнаените норми на меѓународното право, на почитување и на водење сметка за заемните интереси.

Врз овие принципи повеќе од четвртина век ја градиме соработката со Република Северна Македонија, со која што во јануари годинава ја одбележавме 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи. Заинтересирани сме за зголемување на разновидна соработка, за нејзино збогатување со позначајни содржини, за проширување на истата врз нови сфери. Убеден сум дека тоа целосно им одговара на интересите на братските народи на нашите две земји.

Почитувани пријатели,

Русија е најубавата земја. Така се вика изложбата на фотографии која денес ви ја претставуваме овде. Во неа собравме неколку десетици уникатни фотографски дела кои ги отсликуваат природата, луѓето и ракотворните убавини на нашата земја. Секоја од овие слики е добитник на главна награда на Руското географско друштво во различни номинации.

Во рамките на овој прием ќе можете исто така да ја видите и фотопрезентација посветена на еден од нашите најистакнати современици и несомнено од најпознати Руси во светот – пронаоѓач и конструктор Михаил Калашников, чиј што 100-ти роденден ќе го прославиме оваа година.

Драги гости,

Искрено ви благодарам на сите што се одѕвавте на нашата покана и дојдовте да ја споделите со нас радоста на вечерашното славење. Се надевам дека ќе добиете задоволство од музиката на руски композитори во изведба на гудачкиот квартет «Зографски», а исто така и од јадењата од традиционалната руска кујна приготвени од нашите готвачи во соработка со нивните колеги од хотелот «Мариот». Благодарни сме на сите кои ни помогнаа во организирањето на приемот.

Ви посакувам здравје, благосостојба, успеси и сѐ најдобро.

Среќен празник! Честит Денот на Русија!

Ви благодарам за вниманието. Пријатна вечер.