Назад

КОМЕНТАР НА РУСКА АМБАСАДА ВО ВРСКА СО НЕКОРЕКТНО ПОКРИВАЊЕ НА ПРОТЕСТОТ НА 10 АВГУСТ ВО МОСКВА

Пак гледаме обвинувања за противправното дејствување на московските органи на прогон, кои ги приведоа учесниците во несанкционирана демонстрација на 10 август.
Митингот организиран на 10 август во центарот на Москва беше санкциониран и помина без нарушување на јавниот ред. Полицијата не jа спречува изведбата на музичарите, иако градските власти не дадоа согласност за одржување концерти. Меѓутоа, по завршувањето на дозволениот митинг на проспектот "Академик Сахаров", беа упатени повици за несанкционирана демонстрација во градот.
Московската полиција и властите повеќепати предупредуваа за недозволивоста за продолжување на акциите низ улиците на главниот град. Истражниот комитет истакна дека учеството во несанкционирани акции повлекува правни последици, вклучително и кривична одговорност. Московските власти, од својата страна, потсетија за одговорноста за прекршувањата во текот санкционирани митинзи, а Советот за човекови права ги повика сите да не подлегнуваат на провокациите и да се воздржат од учество во незаконски акции.
Сепак, некои учесници по санкционираниот митинг се преместија кај Китај-город (близу Кремљ), почнаа несакционирана демонстрација низ улиците на главниот град, се обидоа да ја блокираат улица "Лубјански проезд" , и поради тоа беа приведени.