Назад

ДРЖАВЕН ПРИЕМ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РУСИЈА, СКОПЈЕ, 12 ЈУНИ 2019 ГОДИНА

На 12 јуни во Скопје Амбасадата на Руската Федерација одржа државен прием по повод националниот празник – Денот на Русија. Во свечената прослава зедоа учество Претседателот на Собранието г. Талат Џафери, Почесните конзули на Русија во Битола и Охрид Сергеј Самсоненко и Велимир Стојковски, високи претставници на МНР на Северна Македонија, пратеници во Собранието, градоначалници, лидери на политички партии, шефови на дипломатските мисии и претставници на меѓународните организации, претставници на политичкиот и општествениот живот, бизнисмени, медиуми, руски сонародници, а исто така и активисти на здруженијата за македонско-руско пријателство.

По интонирањето на химните на Руската Федерација и Република Северна Македонија, на присутните им се обрати амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин. Во своето поздравно обраќање кон присутните Амбасадорот на Русија истакна: «Русија денес не е само најголемата држава во светот. Нашата земја е еден од најаважните фактори во меѓународните односи, од кој што во голем степен зависи натамошен развој на целата светска заедница.

Свесни за оваа одговорност за судбината на нашата планета, се стремиме и настојуваме да ја промовираме и понатаму агендата која е насочена кон идинината, да играме активна и конструктивна улога за зацврстување на мирот, на глобалната и регионалната безбедност и стабилност.

Заинтересирани сме за обединување на напорите за изнаоѓање поодржлив и поправеден развоен модел во интерес на благосостојба и просперитет на човештвото – врз основа на суверенитетот и безусловното право на секоја држава да избира свој сопствен пат.»

На свечениот прием настапи гудачкиот квартет "Зографски"; кој ги изведоа најпознатите дела на руските композитори. На гостите им беа понудени јадења од традиционалната руска кујна, кои се готвуваа пред публиката. Голем интерес предизвика презентирана на приемот изложба на серускиот фотоконкурс на Руското географско друштво "Најубавата земја".