Назад
АМБАСАДОРОТ СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН СЕ СРЕТНА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВНИОТ СУД САЛИ МУРАТИ, СКОПЈЕ, 22 ЈАНУАРИ 2021 ГОДИНА
На 22 јануари, Амбасадорот Сергеј Баздникин оставри средба со Претседателот на Уставниот суд Сали Мурати. На средбата, на Амбасадорот Баздникин му беше презентирана уставната положба на Уставниот суд, неговите надлежности, но и предизвиците со кои се соочува Судот во нивното остварување. Се дискутираше и за текот на подготовките на Десеттиот јубилеен Меѓународен петербуршки правен форум, што треба да се одржи од 18 до 22 мај оваа година во Санкт Петербург. Претседателот на Уставниот суд Мурати, како што се наведува, има покана за учество на овој форум од министерот за правда на Руската Федерација, Констатин Чујченко, која му беше врачена на средбата со амбасадорот Баздникин во септември минатата година. На средбата Мурати изрази задоволството од можноста делегација на Судот да биде дел од оваа светска манифестација.