Назад

АМБАСАДОРОТ СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН ОСТВАРИ СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ОЛИВЕР СПАСОВКСКИ, СКОПЈЕ, 4 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

На 4 декември, во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа средба помеѓу Амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин и Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски.

На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка помеѓу двете земји, како и за подготвеноста од руска страна за потпишување на Договор за преземање на лица со незаконски престој, што во иднина би претставувало законска рамка за борбата против илегалната миграција.