ДОБРОДОЈДОВТЕ

во Конзуларното одделение

во Амбасадата на Русија во Северна Македонија

Конзуларното одделение е отворено за прием на странки во вторник, четврток и петок од 9.00 до 13.00 часот.

Адреса:

Пиринска, бр. 44, 1000 Скопје

Тел.

+389-2-321-53-49

Факс.

+389-2-311-78-08

E-mail.

skopje@dks.ru

Шеф на Конзуларното одделение e Андреј Аљонкин.
 
ИНФОРМАЦИИ ДО ПОСЕТИТЕЛИ НА КОНЗУЛАРНОТО ОДДЕЛЕНИЕ
 

Поради влошување на санитарно-епидемиолошката ситуација како резултат на ширењето на коронавирус во Северна Македонија и неможноста за целосно обезбедување на безбедноста за здравјето на посетителите, од 17 март 2020 година се ограничува можност за посета на Конзуларното одделение на Амбасадата.

Контакниот број во текот на работно време: +389 2 321-5349 или +389 2 311-7160, е-mail.: skopje@mid.ru или skopje@dks.ru

Контакниот број во текот на неработно време: +389 75 479-429

Контакниот број за итни случаи (закана за живот или здравје): +389 75 376-406

 

Информации за визи

Конзуларното одделение во Амбасадата на Русија во Северна Македонија прима формулари - апликации за издавање виза само во електронска верзија. Формуларите се пополнуваат на веб-страна на Конзуларниот директорат на МНР на Русија https://visa.kdmid.ru. При поднесување на барањето за издавање виза подносител на барањето мора да поднесе формулар испечатен од веб-страната на Конзуларниот директорат на МНР на Русија. Формуларите пополнети на друг начин нема да бидат примени.

Странски државјани и лица без државјанство можат да влезат на територијата на Руската Федерација и излезат од истата доколку поседуваат руска виза и валидна патна исправа за утврдување на идентитетот, која Руската Федерација ја признава во ова својство, доколку поинаку не е определено со меѓународни договори на Руската Федерација.

 

Подносител на барањето мора да поднесува документи лично или извади полномошно за друго лице.

Плаќањето за виза се врши во целост и при поднесување на документите.

Парите земени од граѓаните за конзуларните дејства, во случај на одбивање на овие конзуларни услуги, не се враќаат.

 

Го обрнуваме Вашето внимание, дека од 31 октомври 2008 година влезе во сила меѓувладината спогодба, со која се поедноставуваат визните правила. Подетални информации се наоѓаат тука.

 

Исто така го обрнуваме Вашето внимание дека и покрај отсутство на визниот режим меѓу државите-учесници на Царинската унија, државјаните на Северна Македонија коишто патуваат во Белорусија или Казахстан преку Руската Федерација треба да добијат транзитна виза во руските дипломатско-конзуларни претставништва.

 

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СТРАНЦИ КОИ ПЛАНИРААТ ПАТУВАЊЕ ВО РУСИЈА

 

Ве информираме дека од 1 октомври 2019 година државjаните на Република Северна Македонија имаат можност да добиваат еднократни деловни, хуманитарни и туристички визи на специјалната веб-страна на Министерството за надворешни работи на Русија (http://electronic-visa.kdmid.ru) во вид на електронски документ (електронски визи) за посета на Санкт Петербург и Ленинградската област.

Електронската виза се издава бесплатно на барање на државjанинот поднесено најмалку 4 календарски дена пред планираниот датум на влезот, пополнето во електронска форма на горенаведената веб-страна на МНР на Русија со приложена дигитална фотографија во вид на електронски фајл.

Истата постапка од 1 јули 2019 година важи и за посета на Калининград.

 

Според одлуката на Владата на Руската Федерација од 16 август 2004 година бр.413 За миграциската крата при влегување во Руската Федерација странски државјанин е обврзан да ја извади и пополни миграциската карта, да му ја покаже на овластено лице од граничната полиција кое во миграциската карта ќе стави ознака за влегување во Руската Федерација доколку податоците внесени во миграциската карта се совпаѓаат со податоците од визата и од пасошот на странецот.

Бланките на миграциската карта на странските државјани им издаваат бесплатно при нивното влегување во Руската Федерација овластени лица од граничната полиција или претставници на меѓународните организации кои им даваат транспортни услуги на странските државјани кои влегуваат во Руската Федерација.

Миграциската карта се чува кај странскиот државјанин во текот на неговиот престој во Руската Федерација и се поднесува заедно со другите документи за пријавување според место на живеење.

Доколку маграциската карта се расипе или изгуби странскиот државјанин мора во рок од три дена да информира за тоа територијален орган на МВР на Русија според место на живеење. Кога странскиот државјанин ги поднесува документите врз основа на кои тој влезе во Руската Федерација, нему бесплатно му се издава дупликат на миграциската карта.

При излегување од Руската Федерација странски државјанин е обврзан да му ја врати миграциската карта на овластено лице од граничната полиција во место на преминување на државната граница на Руската Федерација.

 

INFORMATION ON SUBMISSION OF DOCUMENTS CONFIRMING THE ORIGIN OF CASH AND (OR) MONETARY INSTRUMENTS

On February 4, 2020 new rules for transporting money across the customs border of the Eurasian Economic Union came into force. From now on, a natural person transporting over 100 thousand US dollars at a time will need to provide documents confirming the cash origin. And also provide the customs declaration. This follows from the relevant Decision No. 130 of the Eurasian Economic Commission's Board dated August 6, 2019.

The Decision was prepared pursuant to the requirements of the EAEU Customs Code; it is aimed at implementing Recommendation 32 “Cash Couriers” of the Financial Action Task Force on Money Laundering (FATF). 

The Recommendation had been developed to provide the FATF member countries with the measures to identify and stop (detain) funds and negotiable instruments that are physically transported across the border and can be used to finance terrorism or launder money.

The documents submitted must confirm the origin of cash and (or) monetary instruments declared in the passenger's customs declaration. They, for example, can include documents drawn up by credit institutions when performing conversion operations, withdrawing funds from an account, obtaining a loan, etc., or documents confirming the conclusion of civil law transactions (inheritance, gift, etc.).

In case of failure to submit the relevant documents, the transportation of cash and (or) monetary instruments across the EAEU customs border shall be prohibited.