Назад

ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА НА ЛИДЕРИТЕ НА ПЕТТЕ ДРЖАВИ СО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА НУКЛЕАРНА ВОЈНА И ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ТРКА ВО ВООРУЖУВАЊЕ, 3 ЈАНУАРИ 2022 ГОДИНА

Народна Република Кина, Руската Федерација, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Соединетите Американски Држави и Француската Република сметаат дека е нивната примарна одговорност да спречат војна меѓу државите со нуклеарното оружје и да ги намалат стратешките ризици.
 
Изјавуваме дека не може да има победници во нуклеарната војна и никогаш не треба таа да се започне.  Бидејќи употребата на нуклеарното оружје би имала далекусежни последици, ние исто така потврдуваме дека нуклеарното оружје - сè додека продолжува да постои - мора да служи за одбранбени цели, да здржува агресија и да спречува војна.  Сметаме дека мора да се спречи натамошното ширење на ваквото оружје.
 
Ја потврдуваме важноста од спротивставување на нуклеарните закани и ја нагласуваме важноста од одржување и почитување на нашите билатерални и мултилатерални договори и обврски во областа на неширење, разоружување и контрола на вооружувањето.
 
Остануваме посветени на нашите обврски според Договорот за неширење на нуклеарно оружје , вклучувајќи ја и нашата посветеност според член VI „со добра волја да преговараме за ефективни мерки за ставање крај на трката за нуклеарно вооружување во блиска иднина и нуклеарното разоружување, како и општо и целосно разоружување под строга и ефективна меѓународна контрола“.
 
Секој од нас има намера да ги задржи и дополнително да ги зајакне нашите национални мерки за спречување на неовластена или ненамерна употреба на нуклеарното оружје.  Ја повторуваме актуелноста на нашите претходни изјави за  нетаргетирање и потврдуваме дека нашето нуклеарно оружје не е насочено едно кон друго или кон која било друга држава.
 
Ја нагласуваме нашата посветеност да работиме со сите нации за да создадеме создадеме атмосфера на безбедност која е попогодна за прогрес во областа на разоружувањето со крајна цел да се изгради свет без нуклеарното оружје без загуба за ничија безбедност. Имаме намера да продолжиме да бараме билатерални и мултилатерални дипломатски пристапи за да избегнеме воена конфронтација, да ја зајакнеме стабилноста и предвидливоста, да го зајакнеме меѓусебното разбирање и доверба и да спречиме трка во вооружување која никому не му користи и станува закана за сите. Ние сме решени да се вклучиме во конструктивен дијалог заснован на взаемно почитување и признавање на меѓусебните интереси и грижи во областа на безбедност.