Назад

ВО СКОПЈЕ И СТРУМИЦА Е ОДБЕЛЕЖАНА 60 ГОДИШНИНАТА ОД ПОЛЕТУВАЊЕТО НА ЈУРИЈ ГАГАРИН ВО ВСЕЛЕНАТА, 12 АПРИЛ 2021 ГОДИНА

По повод 60 години од полетувањето на Јуриј Гагарин во вселената на 12 април 1961 година, се одржа традиционалната церемонија на положување цвеќе кон спомениците на Гагарин во Скопје и Струмица со ограничен број гости. На херојот му оддадоа почит Амбасадорот Сергеј Баздникин, Почесните конзули во Битола и Охрид, Сергеј Самсоненко и Велимир Стојковски, Градоначалници на Општина Карпош и Центар, Стефан Богоев и Саша Богдановиќ. Додека во Струмица на делегацијата на Амбасадата ѝ се предружија Градоначалникот на Општина и Претседателот на Советот на Општина Струмица, Коста Јаневски и Марјан Даскаловски.