Назад

СВЕЧЕНАТА ЦЕРЕМОНИЈА НА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ НА ПОБЕДНИЦИТЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ДЕТСКОТО ТВОРЕШТВО „НАПРАВИ САМ УКРАС ЗА НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА“, СКОПЈЕ, 25 ДЕКЕМВРИ 2021 ГОДИНА

Денеска во Музејот на македонската борба за државност и самостојност се одржи свечена церемонија на доделување награди на победниците и добитниците на конкурсот за детското творештво „Направи сам украс за новогодишната елка“. Дипломите и подароците на лауреатите им ги врачија Амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин и раководителот на центарот за ликовна уметност „Да Винчи„ Викторија Егорова.

 

Поздравен говор на Амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин:

Почитувани победници и добитници на конкурсот, нивните родители и ментори,

Искрено ми е драго што ја имам можноста да им ги доделам дипломите и наградите на лауреатите на конкурсот за детското творештво „Направи сам украс за новогодишната елка“ кој организира Амбасадата во соработка со Центарот за ликовна уметност “Да Винчи” – се разбира, со почитување на сите ограничувања поврзани со пандемијата.

Овој конкурс е трет по ред: минатата година ги одржавме два детски ликовни конкурси „Русија преку очите на децата“ и „Зимска приказна“. Во нив активно учество земаа многу денешните учесници и лауреати.

Задоволство ми е што интерес за ваквите настани останува – на конкурсот пристигнаа 353 украси – речиси исто толку колку што имаше цртежи последен пат – повеќе од 370. Ова е навистина многу и е одраз, без претерување, на големиот креативен потенцијал на младата генерација на македонски граѓани.

Сите овие украси можете да ги видите на елката пред вас и на масата. Елка, украсена со нив, е симбол на двата најубави, радосни и долгоочекувани празници – Божиќ и Нова Година. Денес вие сте автори на оваа убавина. Во секој украс ставивте дел од вашата душа, добрина и голема фантазија, затоа лампионите испаднаа живи и интересни. Убаво е што одговорно пристапивте на задачата, се запознавте со историјата и традициите на нашата земја, а ние, од своја страна, благодарение на вашата работа, подобро ја запознавме Северна Македонија.

Секој од испратените украси е интересен на свој начин и ги открива страните на талентот на авторот. Лампионите ги отсликуваат темите на руската и македонската национална облека, музичките инструменти, познатите споменици на архитектурата, традиционалните херои на празникот во нашите земји – Дедо Мраз и Снегурочка. Во истото време, сигурен сум дека Божиќ и Нова Година се празници кои придонесуваат за духовно и културно зближување на нашите земји, бидејќи ги славиме речиси на ист начин. Ја украсуваме новогодишната елка, избираме подароци за нашите најблиски, а на новогодишната и божиќна ноќ замислуваме желба и веруваме дека несомнено ќе се оствари.

 Убеден сум дека голем број на украсите сведочи, меѓу другото, за искрениот интерес за Русија кај младите граѓани на Северна Македонија, што значи дека традиционално пријателските односи меѓу нашите земји имаат добра перспектива. Тие треба да се засноваат на добро познати принципи – еднаквост, заемно почитување и водење сметка за меѓусебните интереси.

Срдечно им ги честитам добиените награди, како и претстојните празници – Нова Година и Божиќ на лауреатите, вашите родители и ментори. Ви благодариме на сите за вашиот интерес. Се разбира, со задоволство очекуваме да ве видиме меѓу учесниците на нашите идни настани.

Ви посакувам нови успеси во учењето и творештвото, добро здравје и се најдобро.