Назад

СЕ ОДРЖА СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ НА ПОБЕДНИЦИТЕ НА УРЕДУВАЧКИОТ ПРЕДИЗВИК “ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА РУСИЈА”, СКОПЈЕ, 17 МАРТ 2021 ГОДИНА

На 17 март, во Музеј на македонската борба, се одржа свечено доделување на награди на победниците на едномесечен уредувачки предизвик “Запознајте ја Русија” во организација на Амбасадата на Руската Федерација и здружението ГЛАМ Македониja. Во текот на месецот февруари членовите на Вики Клубовите ја збогатија Википедија на македонски јазик со вкупно 625 статии на теми поврзани со Русија, при што пишувајќи ги статиите учесниците учеа за руската историја, географија, култура, спорт и друго. Овие статии ќе останат да може да го прочита секој што знае македонски јазик.

Наградите беа доделени од страна на Амбасадотот Сергеј Баздникин, кој во своето обраќање потенцира:

“Почитувана г-ѓо Снежана Штрковска (Претседателка на ГЛАМ Македонија),

Почитувани лауреати и нивните родители,

Срдечно ве поздравувам на свеченото доделување на наградите на победници на уредувачкиот предизвик „Запознајте ја Русија“. 

Пред сѐ, би сакал да му се заблагодарам на  здружението ГЛАМ Македонија и лично на г-ѓа Снежана Штрковска за направената работа и, без претерување, одлични резултати.  Посебна благодарност до руководството на Музејот на македонската борба и лично до директорката г-ѓа Даниела Николова за обезбедениот простор за да се одржи настанот во целосна согласност со тековните епидемиолошки мерки. 

За време на натпреварот учесниците создадоа или подобрија 625 статии за нашата земја, статиите се содржајни, многулики, квалитетни, со што значително се збогати македонската Википедија за Русија.  Ова е многу забележлив показател кој јасно го одразува вашиот вистински интерес за руската историја, култура, наука и спорт. 

Ваквиот активен одѕив, се разбира, сведочи за духовната и културната блискост на братските народи на нашите земји, што е добра основа за унапредување на меѓусебни односи во сите области, врз основа на еднаквост, взаемно почитување и водење сметка за меѓусебните интереси. 

Мислам дека вашето активно учество во натпреварот му овозможи на секој од вас да ги проширите своите знаења за нашата земја и да се убедите дека Русија денес не е само најголемата држава во светот, гарант на стабилност и безбедност во меѓународните односи. Туку, исто така, e држава со мошне богата историја, духовно и културно наследство, со развиена високотехнолошка индустрија, наука, медицина, со уникатна природа и животински свет. Сега резултатите од вашата работа ќе им помогнат на другите корисници на македонската „Википедија“ да се запознат со објективната слика на Руската Федерација.  

Срдечно им честитам на сите лауреати, нивните родители и најблиски.  Се разбира, со задоволство очекуваме да ве видиме меѓу учесниците и победниците на нашите идни настани.

Ви посакувам добро здравје, натамошни успеси во учењето и сѐ најдобро.”