Назад

ОФИЦИЈАЛНО Е ВОСПОСТАВЕНА ДИРЕКТНАТА НОВА РЕДОВНА ЛИНИЈА МОСКВА – СКОПЈЕ, 4 ЈУНИ 2021 ГОДИНА

На 4 јуни, на Меѓународниот аеродром Скопје слета првиот авион на руската авиокомпанија „Нордвинд ерлаинс“, со што официјално е воспоставена директната нова редовна линија Москва – Скопје после 20 години пауза. Во свеченото отворање зедоа учество Амбасадорот Сергеј Баздникин, Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ТАВ Македонија, Метин Батак, и претставникот на „Нордвинд“, Глеб Богданов.