Назад

ОДБЕЛЕЖАН Е ДЕНОТ НА СЕЌАВАЊЕТО НА РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ КОИ ЗАГИНАА ЗА ВРЕМЕ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА, ПРИЛЕП, 31 ЈУЛИ 2021 ГОДИНА

На 31 јули, на Германските гробишта во Прилеп делегацијата на Амбасадата, предводена од Амбасадор Сергеј Баздникин со полагање на цвеќе кон споменикот на руските борци и панихида им оддаде почит на загинатите руски војници од Првата светска војна. Во церемонијата исто така зедоа учество представниците на Општина Прилеп на чело со Градоначалникот Илија Јованоски, како и на Сојузот на Здруженија за Македонско-руското пријателство. Амбасадорот во своето обраќање потенцира:

“Почитуван господине Илија Јованоски (градоначалник на Прилеп),

Дами и господа,

Драги пријатели,

Срдечно ги поздравувам сите присутни на панихидата и церемонијата на положување на венци и цвеќе пред споменикот на војниците на Руската армија, што се одржува во Прилеп осма година по ред – од 2014-та година,
кога спомен-крст беше подигнат овде по повод 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна. Утре, на 1 август, Русија го одбележува Денот на сеќавањето на руските војници кои загинаа за време на оваа војна – првата трагедија на глобалното ниво.

Претходните мировни напори на Русија не најдоа одговор во европските главни градови – исполнувајќи ги сојузничките обврски, нашата земја беше вклучена во светскиот конфликт. Како пресвртница не само за историјата на Руската империја, но и за цела Европа, Првата светска војна доведе до катастрофални последици – над 8 милиони војници беа убиени на нејзините фронтови.

Русија ги претрпи најголемите загуби во споредба со другите учесници – повеќе од 2,2 милиони убиени, 3,7 милиони ранети, 3,3 милиони заробени. Од 1916 до 1918 година на Солунскиот фронт 5 илјади руски војници и офицери кои ја ослободија македонската земја во составот на 2-та и 4-та Специјална бригада на Армијата на Источната Антанта, храбро загинаа.

Трагедиите од дваесеттиот век – не само Првата, туку и Втората светска војна – ја обврзуваат сегашната генерација да се извлечат поуките од нив. Русија, научена од горчливото искуство на овие страшни шокови, цврсто бранејќи го својот суверенитет и националните интереси, континуирано се стреми кон соработката со другите држави која се темели на рамноправност и заемно почитување, разбирање на меѓусебните интереси, немешање во внатрешните работи. Убедени сме дека одговорите на современите глобални предизвици и закани треба да се бараат врз основа на меѓународното право, принципот на неделивост на безбедноста, под услов да се откаже од политиката на конфронтацијата.

Се разбира, сме отворени за продолжување на позитивната динамика на соработката со Северна Македонија – до тој степен и во оние области за кои се подготвени двете страни. Убеден сум дека ова целосно им одговара на интересите на нашите граѓани.

Завршувајќи, би сакал да му изразам благодарност лично на градоначалникот на Прилеп, господин Илија Јованоски, како и на раководството на Општината и жителите на Прилеп за грижливото однесување кон споменикот на руските војници и зачувувањето на историската меморија за нивниот подвиг. Таквото однесување придонесува за зајакнување на вековните традиции на пријателството и меѓусебно разбирање меѓу нашите братски народи.

Вечен спомен и слава на хероите од Првата светска војна!

Ви благодарам на вниманието”