Назад

ОБРАЌАЊЕ НА АМБАСАДОРОТ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РУСИЈА, 12 ЈУНИ 2021 ГОДИНА

Почитувани дами и господа,

Драги пријатели,

Денес нашата земја го слави државниот празник – Денот на Русија. Овој празник го симболизира единството и заедничката одговорност на сите руски граѓани за сегашноста и иднината на нашата голема Татковина.

Со право се гордееме со нашата Татковина, нејзината богата историја и славните победи, со значајниот придонес за светската култура, наука и цивилизација воопшто. Опипливо чувствуваме нераскинлива врска со духовните вредности вродени во нашиот народ. Доследно ги браниме нашите национални интереси.

Денес Русија не е само најголема, туку и една од водечките држави во светот. Таа е гарант на глобалната и регионалната стабилност и безбедност. Сигурен партнер за секој што ја споделува потребата да се обединат напорите во интерес на изнаоѓање одговори на глобалните предизвици и закани – врз основа на меѓународното право, почитување на суверенитетот и правото на секоја земја на сопствениот пат, немешање во внатрешни работи.

Откако помина низ разни испитувања, Русија постигна значителен напредок во националното градење и подобрувањето на федеративната структура, во зајакнувањето на владеењето на правото, економскиот и социјалниот развој. Благодарение на овие достигнувања, како и на морални квалитети со кои се одликува рускиот народ, издржливоста, силата на духот и упорноста, успеваме ефикасно да се справуваме со главниот предизвик на нашето време – пандемијата на коронавирусот.

Се разбира, оваа борба трпи и загуби, и на овој празник се сеќаваме на оние кои нѐ напуштија во изминатата година. Од сѐ срце изразуваме благодарност до лекарите, волонтерите, истражувачите на вакцини и на сите што придонесуваат за подобрување на епидемиолошката состојба. Русија се враќа во нормалниот ритам на живот. Се надеваме дека сегашната криза ќе стане дел од историјата, од која, се разбира, треба да се научи соодветна лекција.

Драги пријатели,

Пријателството помеѓу рускиот и македонскиот народ се темели врз вековните традиции, блискоста на културите, заедничката писменост и единството на моралните вредности. Основата на нашиот поглед на светот е составена од такви вековечни вредности како што се почитувањето на човечкото достоинство, милосрдие, подготвеноста да се пружа рака едни на други во тешки времиња. Најглавно е дека длабоката взаемна поврзаност на нашите народи не зависи од моменталната политика, не може да биде предмет на пазарење, како и нашиот национален идентитет.

Во текот на изминатата година, многу беше направено за зајакнување на билатералните односи. И покрај пандемијата, во 2020 година се зголеми обемот на трговија. Се одвиваат испораки на руската вакцина Спутник V. Директната воздушна комуникација меѓу Москва и Скопје е обновена – по дваесет години пауза. Македонската делегација учествуваше во Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Отворени сме за продолжување на позитивната динамика на нашата соработка – до тој степен и во оние области за кои се подготвени двете страни. Убеден сум дека ова целосно им одговара на интересите на нашите братски народи.

За жал, оваа година повторно сме принудени да откажеме свечен прием по повод Денот на Русија, бидејќи не сметаме дека е можно да го изложиме здравјето на нашите пријатели дури и на минимален ризик. Како и да е, вечерва во седум и триесет часот на плоштадот Македонија во центарот на Скопје на најголемиот екран ќе биде прикажан празничен концерт што се одржа минатата година во Москва. Сите се добредојдени и се надеваме дека ќе уживате во настанот.

Честит празник! Честит Ден на Русија!