Назад

АМБАСАДОРОТ СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН ЗЕДЕ УЧЕСТВО ВО ПРОСЛАВА НА МАСЛЕНИЦА, СВЕТИ НИКОЛЕ, 13 МАРТ 2021 ГОДИНА

На 13 март, во Меѓународниот словенски универзитет „Г.Р. Державин“ се одржа традиционалната прослава на Масленица. Учесниците на настанот се запознаа со обичаите на народните свечености, го погледнаа новиот руски филм „Стрелцов“. Во прославата учествуваше Амбасадорот Сергеј Баздникин, кој им се обрати кон пристуните:

„Почитуван д-р Јордан Герчев,

Почитувани дами и господа, драги пријатели,

Срдечно ве поздравувам сите на прославувањето на Масленица во Меѓународен Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“. Веќе трета година по ред учествувам во овој настан.

Јасно е дека поради епидемиолошката состојба се воведуваат соодветни ограничувања, кои сите мораме да ги почитуваме.  Меѓу тоа, убаво е што сепак успеваме да ја следиме добрата традиција да ја честитаме Масленица.

Посебна благодарност лично до г-дин Јордан Горчев и до целиот тим на Универзитетот за организирањето на овој настан, што е дел од многулики и повеќегодишни активности на Универзитетот за промовирање на рускиот јазик и култура, како и за зајакнување на хуманитарната соработка помеѓу нашите земји. Високо ги цениме вашите напори, кои даваат значителен придонес за продлабочување на пријателските врски помеѓу нашите братски народи.

Како што знаете, традицијата на славење на Масленица има долга историја и е поврзана со промена на годишните времиња и дочекот на пролетта. Уште од стари времиња празникот беше симбол на обновување, нов почеток и промени кон подобро. Со доаѓањето на христијанството, Масленица доби ново значење – духовното прочистување. Токму преку прочистувањето и преродбата минува главниот херој на рускиот филм „Стрелцов”, којшто раскажува за судбината на легендарниот фудбалер Едуард Стрелцов и неговиот тежок пат кон победата.

Овие духовни вредности му се блиски и на македонскиот народ, како и на сите православни христијани. Според обичаи Масленица се слави цела недела и завршува со Неделата на Простување, попозната кај вас како Прочка. Ова е уште една потврда дека Русите и Македонците се братски народи кои се врзани со цврсти повеќевековни историски, културни, духовни вредности, што е добра основа за унапредување на соработка во сите области.

Убедлив пример за нашата успешна соработка е надминувањето на сегашната состојба поврзана со пандемијата. Русија е подготвена да ги сподели со пријателските држави своите најсовремени технологии во областа на јавното здравство, веќе активно го прави тоа и така ќе прави и натаму.

Ви ја честитам на сите Масленица. Нека овој светол празник донесе здравје, среќа и хармонија во секое семејство.“