Според потпишаниот меѓу Руската Федерација и Меѓународната фудбалска федерација (FIFA) Меморандум за заемно разбирање во периодот од 14 јуни до 15 јули 2018 година во градовите-учесници Москва, Санкт-Петербург, Сочи, Казањ, Екатеринбург, Калининград, Нижниј-Новгород, Ростов-на-Дон, Самара, Саранск, Волгоград ќе се одржат фудбалски натпревари на Светското фудбалско првенство FIFA 2018.

Според утврдениот во законодавството на Руската Федерација начин на влегување во Руската Федерација и излегување од истата на странските државјани и лицата без државјанство кои доаѓаат како гледачи на спортски настани, истите тие влегуваат во Русија и излегуваат од истата без визи врз основа на важечки документи за личен идентитет кои во Русија се признаваат во тоа својство, персонифицирана карта на гледач (лична крата на навивач) во хартијана верзија или во електронска форма која се добива доколку гледачот поседува влезница или документ кој дава право да ја добие истаа таа (подетални инфромации можете да најдете на веб-страната www.FAN-ID.ru или www.fan-id.ru/info).

Гледачите кои влегуваат во Руската Федерација со личната крата на навивач во хартијана верзија или во електронска форма можат да влезат во Русија не порано од 10 (десет) дена пред почеток на првиот натпревар на фудбалското првенство, и излезат од Русија не подоцна од 10 (десет) дена по датумот на одржување на финалето.

Странските гледачи кои патуваат во Руската Федерација со возило треба да ја преминуваат границата со Руската Федерација само преку граничните премини кои се отворени за меѓународен патнички сообраќај. Министерството за комуникации на Руската Федерација на горе спомнатата веб-страна дополнително ке ја објави информацијата за препорачани гранични премини и за можности да се добие техничка подршка доколку во личната крата на навивач беше направена грешка.

Доколку имате прашања ве замолуваме да се обратите во Конзуларното одделение на Амбасадата по телефонски број: +389 2 321-5349 или e-mail: skopje@dks.ru

Лична карта на навивач во хартијана верзија (примерок)

Лична карта на навивач во електронска форма (примерок)

Што е лична карта на навивач?