Назад
ВО УНИВЕРЗИТЕТ "ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ" ВО ШТИП ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ "ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ: KAKO CE ПОСТИГНА"

На 28 април во Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип дипломатите од Амбасадата ја отворија изложбата на фотографии “Победата над фашизмот: Како се постигна” потготвена од Амбасадата. На свечената церемонија беа присутни Ректор на Универзитетот д-р Блажо Боев, префосори и студенти, претставници на руските компании кои работат во Македонија, на општествени, културни и деловни кругови на штипскиот регион, локални медиуми и многу штипјани кои пројавија голем интерес за презентираните фотоматеријали кои раскажуваат за борбата на рускиот народ против фашизмот, како и за улогата на сојузниците меѓу другото и за Македонија.

