ВО СТРУМИЦА СЕ ОДРЖА РЕВИЈА НА РУСКИ ВОЕНИ ФИЛМОВИ
На 23 јуни 2016 година во НУЦК "Антон Панов" се одржа свечена церемонија на отворањето на Ревија на руски воени филмови организирана од Амбасадата на Русија во Македонија во соработка со општина Струмица по повод 75-годишнината од почетокот на Големата Татковинска Војна.
На церемонијата беа присутни Претседателот на Совет на општина Струмица, г-дин Јосиф Христов, советници, Директорот на НУЦК "Антон Панов", г-дин Иван Јовев и вработени во Центарот, претставници од Амбасадата на Русија во Македонија, истакнати културни и општествени дејци од Струмица, претставници на локални медиуми, граѓани на Струмица и руски сонародници. Ревијата ја отвори филмот на Карен Шахназаров "Белиот тигар". Во рамките на Ревијата која траеше од 23 до 25 јуни, исто така беа прикажени филмовите “Нормандија-Неман”, “Ние сме од иднината” и “Ние сме од иднината 2”.
На 23 јуни претставници од Амбасадата заедно со Претседателот и советници исто така остварија состанок со Претседателството на Сојузот на борците од НОАВМ во Струмица. За време на пријателскиот разговор руските дипломати им предадоа на ветераните подароци од Амбасадата и од раководителите и бизнис-заедницата на градот Електростаљ од Московската област збратимен со Струмица. Состанокот заврши со полаѓање цеќе кон споменикот на хеорите-атнифашисти.


