ВО СПОМЕН НА РУСКИ МОНАСИ ВО МАКЕДОНИЈА ПОДИГНАТ ГРАНИТЕН КРСТ ВИСОК ЧЕТИРИ МЕТРИ

На 27 мај во манастирот "Св. Атанасиј" во селото Лешок се одржа свечена церемонија на отворањето на крстот поставен од Амбасадата на Русија во Македонија во соработка со компанијата «Лукоил» во спомен на руските монаси кои во 20-те години од минатиот век се емигрирале во Македонија. Меѓу многубројни гости на церемонијата беа присутни Амбасадорот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак, Почесен конзул на Русија во Охрид, г-дин Велимир Стојковски, великодостоинственици на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, претставници на локална власт, како и на научни, образовни и културни кругови, на руската бизнис-заедница во Македонија.
Во својото обраќање кон присутните рускиот Амбасадор кратко раскажа за историјата на русского монаштво во Македонија и истакна дека «прв манастир ко ги прими духовните браќа од Русија беше манастир во селото Лешок. Тому одовде руски монаси се раселија по манастири низ целата Македонија каде запачнаа да ја вршат својата подвижничка дејност». Олег Шчербак исто така посебно истакна дека «во Русија постои непреодна и длабока благодарност за милосрдната гостопримливост во односот кон обичните руски луѓе и кон рускиот клир кои беа принудени да ја напуштат Русија во тие години многу тешки за православието» Гранитниот спомен-крст висок 4 метри го совети Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски Стефан. Специјални гостини на церемонијата беа претставници од Спасо-Преображенскиот Валаамски манастир на чело со игуменот Методиј, помошник на епископот Троицки Панкратиј, наместник на манастирот.
Како појасни рускиот Амбасадор крстот подигнат во Македонија е точна копија на идентичниот крст поставен на територијата на Валаамскиот манастир затоа што првите 35 монаси кои стигнале до Македонија беа монаси на Спасо-Преображенскиот Валаамски манастир.


