Назад
ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ТРКАЛЕЗНА МАСА "СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ И НЕГОВОТО НАСЛЕДСТВО"

На 17 јуни 2016 година на богословскиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (УКиМ) во Скопје во рамките на Деновите на духовна култура на Русија во Македонија, се одржа тркалезна маса “Св.Климет Охридски и неговото наследство”. Во настанот кој беше отворен со поздравни обраќања на Амбасадорот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак, и Ректорот на УКиМ, проф. д-р Велимир Стојковски, зедоа учество експерти од таа област од двете земји, а пристуни беа Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан, професори и студенти од богословскиот факултет, претставници од Министерството за култура на Република Македонија, македонски научни и општествени дејци.

