ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА НА ЕПИСКОП ТИХОН (ШЕВКУНОВ) "НЕ СВЕТИ, А СВЕТИ"

(Фото - МИА)
На 4 октомври 2016 година во Скопје во Народна и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” се одржа промоција на македонското издание на книгата „Несвети, а свети“ на познатиот црковен и општествен деец, писател и филмски режисер, епископ Егорјевски Тихон. По поздравен говор на директорот на библиотеката г-дин Иван Заров, книгата ја претстави деканот на богословскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, а после на присутните многубројни гости им се обрати и самиот автор.
Во рамките на промоцијата се одржа мал концерт на духовна музика, како и на присутните им беше презентирана изложбата „Историја на руското патриjаршество“. На настанот беа присутни Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, Поглаварот на Македонската Православна Црква Архиепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан, Ректорот на УКиМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, преставници од црковни, образовни и од општествени кругови на земјата, од руската дијаспора, дипломатскиот кор и од македонските медиуми.
Епископ Тихон (Шевкунов), викар на Патријархот Московски и на целата Русија, дојде во Македонија на покана на Претседателот на оваа земја д-р Ѓорге Иванов како негов личен гостин. За време на тродневната посета владиката го посети Охрид каде се поклони пред православните свети места, ги разгледна убавините на “духовната престолнина” на Македонија.

