ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА 47-ТА НАЦИОНАЛНА ОЛИМПИЈАДА ПО РУСКИ ЈАЗИК

На 16 април на катедрата за славистика на филолошкиот факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје се одржа 47-та Национална олимпијада по руски јазик во која учествуваа ученици од основни и средни училишта. Резултатите се следни:
Во групата на ученици од основни училишта -
1 место - Кристина Величковиќ, Куманово, основно училиште “Магдалена Антонова”;
2 место – Јована Јовановска, Куманово, основно училиште “Магдалена Антонова”; Иван Чамовски, Берово, основно училиште “Дедо Иво Малешевски”;
3 место – Јована Томовска, Куманово, основно училиште “Магдалена Антонова”; Катерина Скендерска, Берово, основно училиште “Дедо Иво Малешевски”; Ангел Ангеловски, Драгоманце, основно училиште “Христијан Т.Карпош”.
Во групата на ученици од средни училишта -
1 место - Мартина Радевска, Куманово, средно училиште “Гоце Делчев”;
2 место - Дамјан Ристевски, Куманово, средно училиште “Гоце Делчев”;
3 место - Симона Коцевска, Куманово, средно училиште “Гоце Делчев”.
Наши честитки до победниците!
