Назад
ВО ПРИЛЕП СЕ ОДРЖА ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ ПРЕД МОГИЛА НА НЕПОБЕДНИТЕ, 9 МАЈ 2019 ГОДИНА
На 9 мај во Прилеп се одржа церемонијата на полагање цвеќе пред Могила на непобедните во Паркот на Револуција, во која исто така учествуваа претставниците на Амбасадата на Русија. Покрај градоначалникот Илија Јованоски и претставниците на Руската Федерација, во чест на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, цвеќе на Могилата на непобедените положија и претставници на Армијата, на Советот на општина Прилеп, Сојузот на борци и здруженија на граѓани, а ученици од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ изведоа пригодна програма.
