Назад
ВО ПАРКОТ “ПУШКИН” СЕ ОДРЖА СВЕЧЕНОСТА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА РУСКИОТ ЈАЗИК, 7 ЈУНИ 2019 ГОДИНА
На 6 јуни во паркот “Пушкин” во Кисела Вода се одржа традиционалната свеченост по повод Светскиот ден на рускиот јазик. На бројните присутни им се обратија Градоначалникот на општината Филип Темелковски и Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин, кои по обраќањата заедно со Почесен конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски положија цвеќе пред споменикот на Александар Пушкин. По повод 220-годишнината од раѓањето на поетот исто така беше отворена нова спомен-плоча со профилот на поетот. Покрај тоа гостите имаа можност да уживаат во прекрасна изведба на познатите руски песни од “Чајка” и “Славјанка”. А за најмалите гости беше прикажан цртан филм “Приказна за цар Салтан”.