Назад

ВО МУЗЕЈ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА СЕ ОДРЖА ОТВОРАЊЕТО НА ИЗЛОЖБАТА ПО ПОВОД 100 ГОДИНИ ОД МАЧЕНИШТВОТО НА СВЕТОТО ЦАРСКО СЕМЕЈСТВО РОМАНОВИ, СКОПЈЕ, 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

На 4 април во Музеј на македонската борба се одржа отворањето на изложбата по повод 100 години од мачеништвото на Светото Царско семејство Романови. На бројните гости им се обратија Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин и Митрополитот Агатангел Повардарски, кој исто така ја претстави својата книга "Романови: љубовта е посилна од смртта". Изложбата ќе биде отворена до 13 април.