ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПОЧНАА ДЕНОВИТЕ НА ДУХОВНАТА КУЛТУРА НА РУСИЈА

На 26 мај во Скопје се одржа свечено отворање на Деновите на духовната култура на Русија во Македонија организирани од Министертвото за култура на Руската Федерација и Амбасадата на Русија во Македонија во соработка со Министерството за култура на Република Македонија. Низа настани започнаа со отворањето на изложба на детски цртежи “Душа на Русија”. На настанот со поздравен говор кон присутните се обратија државен секретар во Министерството за култура на Македонија, г-дин Бехиџудин Шехаби и директор на департманот за меѓународна соработка во Министерството за култура на Руската Федерација, г-ѓа Олга Андоњева. Истиот ден македонската јавност имаше уникатна можност да се запознае со многу познат руски хор “Јарославија” од Државната филхармонија на градот Јарослављ. Пред почетокот на концертот кон гостите се обрати заменик-министер за култура на Македонија, г-дин Драган Неделковиќ, а г-ѓа Олга Андоњева ја прочита честитката по подов отворањето на Деновите на духовната култура од рускиот министер за култура, г-дин Владимир Медински. Културни настани во македонската престолнина и во други градови на земјата продолжија и на 27 мај, хорот “Јарославија” пееше во црквата “Св. Софија” во Охрид, во Битола се одржа концерт на музичкиот колектив “ГРАНД-квартет” од Санкт-Петербург, а граѓани на Скопје уживаа во прекрасен вокал и танц на детскиот женски колектив од Черноосторвскиот манастир.
Финални настани ,меѓу кои се уметничка средба со многу познат руски актер Иван Краско, тркалезна маса “Св. Климент Охридски и неговото културно наследство” и концерт на рускиот ансамбл “Рус” ќе се одржат во средина на јуни.

