Назад

ВО МАКЕДОНИЈА СТИГНА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ОД РУСИЈА

На 17 септември колоната на возила од Министерството на Русија за вонредни состојби достави во Скопје хуманитарна помош за граѓаните од поплавените подрачја издвоена според одлуката на Владата на Руската Федерација, донесена по соодветната молба на премиерот на Република Македонија, г-дин Емил Димитриев. На 19 септември на територијата на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија хуманитарната помош беше предадена на македонската страна застапена од Директорот на Дирекцијата, г-дин Шабан Салиу кој во својата изјава за медиумите топло и се заблагодари на Русија за донацијата, истакна важна улога на хуманитарниот тоцар за засилување на капацитетите на македонските служби за спасување, изрази задоволство од соработката меѓу Дирекцијата и Министерството на Русија за вонредни состојби.

Амбасадарот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак, во својата изјава истакна дека “Владата на Русија позитивно се одзва на молбата за помош од пријателската и блиската Македонија и покрај тоа што во август-септември нашата земја сама стана жртва на моќни удари на елементарни непогоди кои им нанесоа сериозни штети на Централниот и Далечноисточниот региони на Русија. Исто така Министерството на Русија за вонредни состојби помаѓаше во отсранување на последиците од пожарите во Португалија и од земјотресот во Италија, како и учествуваше во доставување на хуманитарна помош за цивилното население во Сирија”.

Хуманитарната помош доставена во Македонија содржи мобилни дизелни и бензински електрични генератори, специјални пупми, ќебиња и прехранбени производи.