ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОДРЖА ПРИЕМ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РУСИЈА
|
На 11 јуни 2015 година Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија приреди државен прием по повод националниот празник – Денот на Русија. Во свечената прослава зедоа учество министри во Владата на Република Македонија, пратеници во Собранието, поглаварот на Македонската православна црква Архиепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан, градоначалникот на град Скопје господин Коце Трајановски, ректор на Универзитетот " Св.Кирил и Методиј " Скопје професор д-р Велимир Стојковски, шефови на дипоматските мисии и претставници на меѓународните организации акредитирани во Скопје, политички, општествени и културни дејци, бизнисмени, новинари, руски сонародници, активисти на здруженијата за македонско-руско пријателство.
Свеченоста ја отвори Амбасадорот на Русија во Македонија Олег Шчербак, кој ги поздрави присутните и истакна дека " ние сме задоволни од пријателскиот карактер на нашите односи со Република Македонија, видиме сериозен потенцијал за нивно унапредување и насочени сме кон натамошно проширување на заемно корисната соработка за доброто на народите на нашите две земји, зацврстување на мирот и на стабилноста во регионот " .
Државните химните на двете земји ги изведе хорот на Универзитетот " Св.Кирил и Методиј " Скопје. На приемот присутните имаа можност да уживаат во филмот за убавините на Русија.
Фото:https://www.facebook.com/media/set/?set=a.376317175903234.1073741835.330562240478728&type=3 |
