Назад

ВО КИНОТЕКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СЕ ОДРЖАА ДЕНОВИ НА РУСКИОТ ФИЛМ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА, СКОПЈЕ, 6 МАЈ 2019 ГОДИНА

По повод Денот на Победата во Кинотека на Северна Македонија се одржаа Денови на руски филм. Во рамките на овој настан беа прикажани два филма «Одлука за ликвидација», кој е посветен на ликвидацијата на озлогласниот терорист и базиран на вистински случувања во Чеченија, и «Три дена пред пролет», кој е посветен на настаните за време на опсадата на Ленинград во текот на Големата Татковинска војна.