ВО БИТОЛА ОДБЕЛЕЖАН ПРОФЕСИОНАЛНИОТ ПРАЗНИК НА РУСКИТЕ ДИПЛОМАТИ

На 10 февруари во Битола Амбасадата и Почесниот конзул на Русија во Битола Сергеј Самсоненко организираа свечености по повод професионалниот праздник на руските дипломати - Денот на руската дипломатија. Според повеќегодишната традиција централниот настан беше церемонија на положување свежо цвеќе на споменикот „Руски крст“, изграден во спомен на рускиот императорски конзул Александар Ростковски кој бил убиен од османлијскиот војник во 1903 година. Покрај дипломатите на Амбасадата, Почесниот конзул на Русија во Битола и Почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, како и руските сонародници во настанот учествуваа Министерот за финансии на Република Македонија г-дин Кирил Миноски, делегацијата на МНР на Република Македонија предводена од заменик-министерот г-дин Илија Исајловски, претсавници од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Министерството за култура, градоначалникот на Битола г-дин Владимир Талески, генералниот конзул на Бугарија г-дин Теодор Русинов, делегацијата на грчката Канцеларија за конзуларни, економски и трговски работи,почесни конзули на други земји, раководители на руските компании кои работат во Македонија, претставници на македонскиот бизнес.
Во својот поздравен говор со кој Амбасадорот Олег Шчербак им се обрати на пристуните гости беше истакнато:
"Почитувани дами и господа! Драги пријатели и колеги!
Драго ми е да Ве гледам на нашиот свечен настан по повод празникот на руските дипломати кој се одржува тука, во град Битола, кој веќе два веќа го нарекуваат “град на конзулите”. Мене ми е особено драго што денес тука заедно со нас се присутни тие кои симболизираат континуитет на оваа славна страница на историјата на прекрасниот град Битола, а именно – генералниот конзул на Бугарија, господин Тодор Русинов, првиот почесен конзул на Русија, госпоѓа Даринка Крстанова, актуелниот почесен конзул на Русија во Битола, г-дин Сергеј Самсоненко, како и нивни колеги, почесни конзули на други земји.
Според добрата традиција, на овој ден ние се собираме пред споменикот на рускиот императорски конзул Александар Ростковски кој во 1903 година бранејќи го локалното население загинал од раката на османлијскиот војник. Трагичната судбина на конзулот Ростковски ни потсетува на тоа што дипломатијата е тешка и одговорна работа која бара да се имаат не само длабоки професионални знаења, туку и високи морални и човечки принципи сè до потготвеноста да се даде свој живот. Длабоко благодарни сме на општина Битола и на сите битолчани за нивниот однос кон споменот за Александар Ростковски, прекрасен човек и вистински пријател на македонскиот народ. Неповратни загуби на нашата дипломатија во изминативе месеци се трагичната смрт на Амбасадорот на Русија во Турција, г-дин Андреј Карлов, во териристичкиот напад во Анкара, како и прераната смрт на Амбасадорот на Русија во Индија, г-дин Александар Кадакин, покажаа дека колку и да е жално, но и во 21-от век руските дипломати исполнувајќи го својот службен долг понекогаш плаќаат највисока цена.
Во сите времиња руските дипломати се на врвот на политичките битки, ги бранат честа и независноста на Русија, нејзиното право на самостојна надворешна политика и на клучната улога во меѓународните процеси. Актуелната етапа не е исклучок. Задачите на руската дипломатија не станаа поедноставни, а глобалните предизвици помали. Сепак ние храбро гледаме во иднината. Нашата земја станува се посилна и поуспешна. Во условите кои не се едноставни Русија повторно го потврди својот статус на еден од клучните гаранти на безбедноста и на стабилноста во светот, стана лидер за тие кои ги почитуваат принципите на владеење на меѓународното право, на правичноста, следаат конструктивни и колективни прицнипи на решавање на глобалните проблеми. Водечката улога во успесите на Русија на меѓународната сцена ја игра нејзината дипломатска служба која ја извршува својата мисија во целосна согласнот со историските традиции на нашата земја, нејзината културна и цивилизациска улога.
Во нашата надворешна политика се раководиме од принципот создаден пред 150 години од канцлерот Александар Горчаков. Цитирам «Не постојат таквите разлики кои не е возможно да се надминат со посветен и упорен труд во духот на правичноста и одмереноста». Крај на цитат. Русија никому ништо не му наметнува, никого не учи како да се живее, не се стреми да поседува еднострани предности. Токму на таков начин ги градиме нашите односи со сите земји вклучувајќи ја и Република Македонија.
Со задоволство истакнувам дека дијалогот меѓу Руската Федерација и Република Македонија е исполнет со одржливо партнерство и повеќевековно пријателство. Ја потврдуваме потготвеноста сестрано да ја унапредуваме равноправната и заемно корисна соработка со македонската страна врз основа на принципите на заемно почитуванње и немашење во внатрешните работи, а и потготвени сме да ја унапредуваме толку длабоко и широко колку за тоа се потготвени државниот врв и државјаните на Република Македонија.
На крајот би сакал од се срце на сите нам да ни посакам добро здравје, среќа, успех и благосостојба, а исто така мир, просперитет и заемно разбирање".