Назад

СОЛИСТКИТЕ ОД ГРАДОТ ЕЛЕКТРОСТАЉ НАСТАПИЈА ВО СТРУМИЦА И СВЕТИ НИКОЛЕ, 7 МАЈ 2019 ГОДИНА

На 6 маj во Музичко училиште „Боро Џони“ во општина Струмица се одржа концертот на руските песни „Со Русија во срцето“, кој е посветен на Денот на Победата. Во текот на концертот присутните имаа можност да уживаат во прекрасни настапи на руските солистки од градот Електростаљ, збратимен со општина Струмица, Алјона Мартинова и Арина Крајyшкина. Меѓу присутните беа градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски и претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскалоски. На 7 мај во Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе се одржа концерт на руски песни „Подмосковски вечери“. На настанот присуствуваа Сашо Велковски, градиначалник на Општина Свети Николе, Димиртиј Гусев, советник на градоначалникот на градскиот округ Електростаљ во Московската област, Виталиј Шапарниј, претседател на Комисијата за социјална политика, образование, култура, здравствена заштита и спорт во Советот на пратеници на градски округ Електростаљ во Московската област.