Назад

СОЧУВСТВО ОД АМБАСАДОРОТ НА РУСИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ УБИСТВОТО НА АМБАСАДОРОТ НА РУСИЈА ВО ТУРЦИЈА

Во име на вработените во Амбасадата на Русија во Република Македонија им изразувам длабоко сочувство на сите наши пријатели и колеги кои работат во дипломатските и конзуларни претставништва во Република Турција, поради трагичната смрт на Вонредниот и Ополномоштен Амбасадор на Руската Федерација, г-дин Андреј Карлов, загинат во терористички напад.

Целиот свој професионален живот исполнет со настани господин Карлов безрезервно им го посвети на служењето на Татковината, на одбраната на надворешнополитичките интереси на земјата. Убедени сме дека не само организатори, туку и извршители на ова подло злосторничко убиство ќе бидат заслужено казнати.

Им ги пренесуваме зборовите на нашите сочувство и поддршка на најблиските на господин Карлов.

Амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија
Олег Шчербак