Назад

РЕКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ "СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ" Е ОДЛИКУВАН СО РУСКАТА НАГРАДА

 

На 26 мај 2015 година во Универзитетот „Св.Кирил и Методиј" во Скопје во рамките на свеченостите по повод 70 години од Големата Победа се одржа предавање на Амбасадорот на Русија во Македонија Олег Шчербак за улогата на антихитлеровата коалиција во Втората светска војна. Амбасадарот раскажа за основните етапи на учеството на земјите-членки на коалицијата во борбите и за нивната соработка во текот на војната. Тој го истакна големото значење на зачувување на историјската меморија, на спречување на секои појави на неофашизмот кои закануваат со целосно обновување на нацистичката идеологија во сегашниот свет.

На крајот на предавањето, во знак на голем придонес на ректорот на Универзитетот д-р Велимир Стојковски за организација на свеченостите по повод 70 години од Победата во Македонија и за воспитување на македонската младина во духот на антифашизмот, Олег Шчербак му го врачи медалот „70 години од Победата во Големата Татковинска војна 1941-1945 година" со почесна повелба.

По завршувањето на церемонијата беше отворена изложба подготвена од страна на Амбасадата – „Победата над фашизмот: како се одвиваше".