ПОСЕТА НА ДРЖАВНИОТ АРХИВ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОД СТРАНА НА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ФЕДЕРАЛНАТА АРХИВСКА АГЕНЦИЈА (РОСАРХИВ), 17-19 АПРИЛ 2019 ГОДИНА
На 17-19 април руската делегација, во која се г-дин Андреј Николаевич Артизов, директор на РОСАРХИВ-от, г-дин Сергеј В. Мироненко, научен директор во Државниот архив на Руската Федерација (ГАРФ) и г-ѓа Јана М. Златкис, специјалист од Државниот архив на Руската Федерација (ГАРФ) беше во официјална посета на Република Северна Македонија.
Во текот на посетата се одржаа средбата со г-дин Кирил Петров, директор на Државниот архив на Република Северна Македонија, разгледување на зградата на Државниот архив на Република Северна Македонија (разгледување на поставените изложби („Македонија низ вековите“ и „Македонските револуционерни чети“), читалната, депото (каде ќе биде подготвена мини изложба од оригинални документи, што се чуваат во Архивот, а се однесуваат на историјата на Македонија и македонско-руските односи) и лабораторија за конзервација и реставрација). Исто така беше остварен состанокот на работните групи од Државниот архив на Република Северна Македонија и РОСАРХИВ-от, односно Државниот архив на Руската Федерација (ГАРФ), кои работат на подготвување на заедничкиот зборник на документи, со наслов „Руската емиграција во Македонија (1920-1940)“, каде учествуваше и Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин.