Назад

ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА КОНЦЕРТ "ЗА ДА СЕ ПАМТИ"

По повод 71-годишнината од Победата во Големата Татковинска Војна на 8 мај во Скопје на платото пред Спортскиот центар “Јане сандански” Амбасадата на Русија во Македонија заедно со здруженијата на руските сонародници во Македонија одржи концерт “За да се памти”.

Популарни руски песни од воените времиња изведоа македонски пејачи и културно-уметнички друштва на руските сонародници. Во рамките на настанот беше спроведена специјална акција “Бесмртен полк” кога на големиот екран беа прикажени фотографии на борци-антифашисти кои се роднини и блиски на руски и на македонски граѓани. Фотографиите ги дадоа Сојузот на борци од НОАВМ, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, вработени во Амбасадата на Русија во Македонија и македонски граѓани. Концертот заврши со грандиозен огномет. Гостите имаа можност да уживаат во јадења направени во војничка кујна организирана од Амбасадата со помош од Армијата на Република Македонија.

Меѓу многубројните гости беа пратеници во Собранието на Република Македонија, Поглавар на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан, дипломати од Министерството за надворешни работи на Македонија, претставници на Сојузот на борци од НОАВ, општествени и деловни кругови, медиумите, руски компании кои работат во Македонија и на дипломатскиот кор, аккредитирани во Скопје странски воени аташеа, руски сонародници.