Назад

ОТВОРЕНА 28 БЕНЗИНСКА СТАНИЦА "ЛУКОИЛ" ВО МАКЕДОНИЈА

Амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. г-дин Олег Шчербак учествуваше во свечената церемонија на отворањето на 28 по ред бензинска станица "ЛУКОИЛ" во Македонија. Новата бензинска на "ЛУКОИЛ" во Радовиш ја отвораа Генералниот директор на "ЛУКОИЛ-Македонија" г-дин Андреј Куку, градоначалникот на општина Радовиш г-дин Сашко Николов, претставници од Кабинетот на Претседателот, свештенослужители на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија и многубројни гости.

Во својот поздравен говор Амбасадорот ја истакна “значајноста на трговско-економска и ивестициска соработка за одржлив и динамичен развој на меѓудржавните односи”. При тоа г-дин Олег Шчербак особено истакна дека “Исклучително значајна улога во зацврстувањето на соработката меѓу Руската Федерација и Република Македонија во оваа сфера игра компанијата “ЛУКОИЛ” која на македонскиот пазар донесува нови технологии, корпоративна култура, утврдува највисоки стандарти на квалитет, сигруност и екологија. Ефикасната дејност на компанијата “ЛУКОИЛ” придонесува за развој на транспортната инфраструктура во земјата, за создавање на нови работни места, позитивно влијае врз формирањето на поволна политичка и бизнис клима на руско-македонските односи.

Според старата дорба традиција на првите 28 клиенти на новата бензинска, “ЛУКОИЛ” им подари по 10 литри гориво.