Назад

ОБРАЌАЊЕ НА АМБАСАДОРОТ СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН НА КОНЦЕРТОТ "РУСКА ВЕЧЕР", ВЕЛЕС, 2 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

Почитуван пратеник во Собранието на Република Северна Македониjа, г. Панче Иванов,

Почитуван градоначалник на Велес, г. Аце Коцевски,

Почитуван градоначалник на Демир Капиjа, г. Лазар Петров,

Почитуван директор на Народниот театар на градот Велес „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, г. Александар Ивановски,

Почитувани дами и господа, драги пријатели,

Прво би сакал да кажам дека всушност немам зборови. Денес сме сведоци на сјајен, значаен настан во општествениот и културниот живот на градот Велес. Присутните на "Руска вечер" несомнено уживаа во изведбата на млади македонски актери кои покажаа искрена љубов кон Русија, руска литература, музика и танц. Патем речено, јас, како мислам и вие, без претерување, бев длабоко трогнат од искрена игра на млади изведувачи, од желба да се демонстрираат најбогатите традиции на руската култура.

Навистина со голем интерес ги гледавме сцените од драмата на генијалниот писател Антон Чехов, ги слушавме делата на големиот композитор Петар Илич Чајковски. Имавме можност да ги видиме неодвоивите елементи на рускиот фолклор - народни танци "Калинка" и "Казачок". Во принцип, денес на сцената царуваше волшебниот свет на руската музика, литература и театар.

Братските народи на нашите земји се обединети со вековни врски, вклучително и во хуманитарната и културната област. Во врска со тоа, особено ни е задоволство кога иницијативата на таквите настани доаѓа од самите Македонци. Срдечно сме ви благодарни на организаторите, на раководството на Народниот театар на градот Велес „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, на режисерката г-ѓа Весна Димитрова-Бобевски, на сите учесници на «Руска Вечер». Ви посакувам понатамошен успех во творењето и сè најдобро.

Ви благодарам за вниманието и ви поканувам сите на коктел, што ќе даде можност да се споделат прекрасните впечатоци и уште еднаш да се изрази восхит за одлично организиран настан.