ОБРАЌАЊЕ НА АМБАСАДОРОТ СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН НА КОКТЕЛ "РУСКА ВЕЧЕР" ПО ПОВОД НАСТАПОТ НА РУСКИ УМЕТНИЦИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ НА КУЛТУРАТА "ОХРИДСКО ЛЕТО", ОХРИД, 14 ЈУЛИ 2019 ГОДИНА
Почитуван господине Ристо Николески, заменик градоначалник на Општина Охрид,
Почитувани пратеници во Собранието на Република Северная Македонија,
Почитуван професоре Велимир Стојковски, Почесен конзул на Руската Федерација во Охрид,
Почитувана госпоѓо Наташа Поповиќ, директор на фестивалот "Охридско лето",
Почитувани дами и господа, драги пријатели,
Срдечно ги поздравувам сите гости на денешната "Руска вечер" по повод настапот на руски уметници на меѓународниот фестивал на културата "Охридско лето".
Пред се, би сакал да изразам искрена благодарност до директорот на "Охридско лето", госпоѓа Наташа Поповиќ, и до целиот тим на фестивалот, за прекрасната организација на овој, без претерување, главен настан во културниот живот на земјава, но и за вашата поддршка во одржување на "Руската вечер" во овој прекрасен амбиент на Долни сарај со многу убав поглед на Охридско езеро.
Искрена благодарност и до колективот на Брјанскиот губернаторски симфониски оркестар под раководството на диригентот, заслужен уметник на Русија, Едуард Амбарцумјан. Вашата виртуозна изведба на прекрасните музички дела на реномираните руски и европски композитори не остави рамнодушен никого од бројната публика.
Како Амбасадор на Русија, ми е задоволство да потенцирам дека музичари од нашата земја традиционално заземаат значајно место во програмата на "Охридско лето". Во рамките на фестивалот настапуваа светски познати уметници како што се Мстислав Ростроповиќ, Леонид Коган и неговиот син Павел Коган, Свјатослав Рихтер, Галина Вишневска и Елена Образцова, Дмитриј Хворостовски, Максим Венгеров, Јуриј Башмет, Денис Мацуев, Вадим Репин, Борис Березовски и многу-многу други. Ова е спектакуларна потврда за огромната популарност на руската култура овде, но и за заемното духовно привлекување на народите на нашите две земји.
Дозволете ми да му посакам на фестивалот успешна работа, на сите негови гости – јарки впечатоци од настапите на ѕвездите на светската музичка уметност, а на самите уметници – нови творечки успеси.
Ви благодарам за вниманието.